Ибра со атрактивни ножички покажа дека и на 42 години е „ѕвер“ (Видео)

Златан Ибрахимовиќ пред неколку месеци и официјално му кажа збогум на активното играње фудбал, но тој не се одвојува од топката. Швеѓанецот неодамна се врати во Милан и моментално работи како советник на тренерот Стефано Пиоли.

Моментално, Ибрахимовиќ е на одмор, а на социјалните мрежи објави видео како прави атрактивни ножички, покажувајќи дека уште е во врвна форма.

Овие атрактивни ножички потсетија на еден од најдобрите негови погодоци во кариерата, кога пред 11 години со ножички од над 30 метри успеа да ја затресе мрежата на Англија. На тој меч против Гордиот Албион, Ибрахимовиќ постигна дури четири гола.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести