Баер игра историски меч, Олимпијакос не смее да прокоцка да игра финале во Атина

6022 Баер Леверкузен – Рома (21 ч.)

Новиот германски првак ја покажа силата на „Олимпико“ кога победи со 2:0 и сега на свој терен треба само да го завери учеството во финалето од Лигата на Европа. За Баер ова е историски меч поради фактот дека ако не загуби, тоа ќе биде рекорден 49-ти дуел без пораз.

Рома нема што да загуби на овој меч и гостите сигурно ќе тргнат отворено без калкулации и тоа е најава за средба со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)

 

6021 Аталанта – Олимпик Марсеј (21 ч.)

Првиот меч во Франција заврши 1:1, што значи дека вечерва мора да има победник и да се дознае патникот за во финалето. Тимот од Бергамо ќе ја има предноста на домашен терен, но факт е дека ова ќе биде тежок меч кој може да го решат нијанси.

Аталанта го елиминира Ливерпул во претходното коло и сега сигурно нема да пропушти шанса да игра во финалето.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.83)

 

6715 Олимпијакос – Астон вила (21 ч.)

Олимпијакос победи со 4:2 во Англија и сега на свој терен сигурно нема да сака да ја испушти оваа предност, посебно ако се знае дека финалето на Конференциската лига ќе се игра во Атина.

Токму затоа грчкиот тим ќе треба рутински да го одработи реваншот, а потоа да ги награди своите фанови со финале во својот град. Двете екипи играат отворено и тука може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.73)

 

5605 Ал-Ахдуд – Ал-Наср (20 ч.)

Гостите се големи фаворити за победа, а тоа го покажува и формата во која се наоѓа, а тоа се девет победи во последните 10 средби. Ал-Наср игра сигурно, Кристијано Роналдо е во одлична форма и реално е да се очекува нивна победа.

Сепак, не треба да се заборави дека Ал-Ахдуд е во опасност дека може да испадне и дека на домаќините секој бод им е злато вреден и ќе се обидат да изненадат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.71)

 

3425 Арарат – Ноа (17 ч.)

Ноа е лидер во првенството на Ерменија, но Пјуник и Арарат-Ерменија се веднаш зад нив, па затоа едноставно не смее да си дозовли киксови ако сака да стане шампион. Екипата на Арарат е сигурна на средината на табелата, едноставно нема голем мотив за игра и тешко дека ќе му се спротивстави на денешниот противник.

Ноа победи на четири од последните пет меча кои овие два тима ги одиграа во последните година дена.

Предлог тип: 2-2 (2.45)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести