Ибрахимовиќ демонстрираше страшна моќ и порача: Подготвен сум за Олимписките игри во 2024 (Видео)

Златан Ибрахимовиќ е еден од оние играчи кои го одбележа светскиот фудбал во изминативе 20 години. Легендарниот Швеѓанецот пред неколку месеци и официјално замина во пензија, но тоа што не е активен на фудбалскиот терен, не значи дека престанал и со вежбање.

Популарниот Ибра кој има 42 години, преку социјалните мрежи ги покажа своите гимнастичарски способности. Со вежба на карики, Ибрахимовиќ упати порака дека е „подготвен на Летните олимписки игри во 2024 година“.

Според тоа што го може Ибрахимовиќ на 42 години, навистина е нешто со што мал број на луѓе на негови години може да го направат.

@zlatanibrahimovicGetting ready for Olympic Games 2024 🤐♬ O Fortuna – Epic Trailer Version – Hidden Citizens

- Оглас -

Најнови вести