Ибрахимовиќ ги одбра најдобрите единаесетмина со коишто играл во својата кариерата (Фото)

Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата фудбалска кариера и сега е време за рекапитулација. Тој се присети на сите свои соиграчи со коишто играл во кариерата, а ја состави и најдобрата постава.

На голот е незаменливиот Џиџи Буфон, за кого вели дека е „ѕидот“ со кого настапуваше во Јувентус. Десен бек е Лилијан Турам, уште еден фудбалер од времето во Јувентус. Првиот централен дефанзивец е Тијаго Силва, со кого заедно настапуваа во ПСЖ и Милан. Вториот е Алесандро Неста. На левата бековска позиција е неговиот пријател Максвел, за кого вели дека е „најелегантниот играч со кого играл“.

Средината на теренот ја сочинуваат Партик Виера, Чави и Павел Недвед. За Виера вели дека е играчот заради кого станал подобар фудбалер, а Чави е Мистер Перфект, човекот кој никогаш не греши. За Чехот Недвед вели дека е „машина“ и најголем професионалец со којшто играл.

Заедно со него во нападот, очекувано, се Лео Меси и Роналдињо. За Меси вели дека „тоа е фудбалер кој од плејстејшн дошол во реалниот свет“, а Бразилецот е вистински гениј: „со нив не игравте фудбал, со нив едноставно уживавте во фудбалот“.

На клупата со резерви ги смести: Хулио Цезар, Андрес Иниеста, Фабио Канаваро, Џенаро Гатузо и Кларенс Сидорф.

- Оглас -

Најнови вести