Ибрахимовиќ со фаќање за меѓуножјето расчистуваше сметки со Годин

Златан Ибрахимовиќ приреди шоу на теренот со двата гола во победата на Милан над Калјари, потоа самобендисаниот Швеѓанец со босанско потекло даваше изјави во негов стил, а се појави и еден друг детал од мечот кој го опишува неговиот карактер. Не е спорно дека Ибра е фантастичен фудбалер, тоа се знае одамна, но се знае и дека некогаш знае да претера со реакциите.

Синоќа Златан во жарот на борбата имаше конфликт со Уригваецот Диего Годин, кој е доволно искусен за да знае како да испровоцира ривал, но одговорот на 39-годишниот Ибра беше фаќање за половиот орган, гест упатен кон Годин. Претходно си разменија и по неколку сочни зборови.

- Оглас -

Најнови вести