Ибрахимовиќ конечно се огласи по инцидентот со Лукаку и демантираше само една работа

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку беа во фокусот на вниманието и пред синоќешното градско дерби, но тоа што го направија на теренот и поради кое уште се актуелни нема многу врска со фудбалот. И Ибра и Лукаку постигнаа по еден гол за своите екипи, а на крајот Интер се радуваше на победа и пласман во полуфиналето на Купот благодарение на прекрасниот гол на Кристијан Ериксен во 97-мата минута.

Покрај погодоците, Златан и Ромелу беа во центарот на вниманието поради нивната кавга пред крајот на првиот дел. Најпрво започна вербална расправија, а потоа малку недостасуваше да се претвори во физичка пресметка. Двајцата фудбалери си разменија повеќе навредливи зборови, а еден збор што го кажа Златан посебно побуди внимание, а некои потенцираа дека тоа било расистичка навреда.

Затоа Ибрахимовиќ реши да се јави преку социјалните мрежи и да демантира дека сакал расистички да го навреди некогашниот соиграч Лукаку.

„Во светот на Златан нема место за расизам. Сите ние сме иста раса и сите сме еднакви. Сите ние сме фудбалери, само некои се подобри од другите“, беше пораката од Ибрахимовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести