Ибрахимовиќ се најде во центарот на корона-скандал, покрената истрага против него

Златан Ибрахимовиќ е во Шведска, каде што закрепнува од повредата, а изминатиов викенд бил на стадионот на Хамерби, каде што го следел мечот на клубот во којшто има 20 отсто од акциите. Ибрахимовиќ задоволен си заминал бидејќи неговиот клуб победи со 2:0, но токму по мечот се случил еден инцидент.

Голгетерот на Милан решил да влезе во соблекувалната на Хамерби и да им ја честита победата на фудбалерите. Со ова Ибрахимовиќ ги прекршил строгите протоколи кои се поставени како превенција од корона-вирусот. Според правилата, во соблекувалната на играчите не смее да влезе ниту едно лице кое не е дел од екипата или стручниот и медицинскиот штаб.

„Не сакаме да откриваме детали, но истрагата е во тек“, изјави Матс Енквист, кој е главен адвокат на Фудбалската федерација на Шведска.

Еден дел од пандемијата, кога во Италија беше најопасно, Ибрахимовиќ беше во Шведска, каде што и тренеираше со играчите на Хамерби.

Од Милан потврдија дека нема да го казнат Ибрахимовиќ затоа што тој со дозвола од клубот заминал во Шведска, но останува дали локалната федерација ќе донесе некакви санкции за најдобриот фудбалер во историјата на оваа земја.

Во Шведска досега има над 52.000 заразени од корона-вирусот, а, за жал, починале 4.891 лица.

 

- Оглас -

Најнови вести