Ибрахимовиќ се сели во Фиорентина?

Фиорентина планира да испрати понуда до Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на кого договорот со Милан му истекува по завршувањето на сезонава во Серија А.

Виолетовите од Фиренца се интересираат и за уште еден ветеран поранешен член на Милан, бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва, кој си оди од ПСЖ. На клубот му се допадна позитивниот импакт кој го имаше ангажирањето на Франк Рибери, па сега се вртат кон други докажани и ефтини ветерани. Играњето со Рибери во ист тим би можело да го привлече Ибра, но со него ништо не е сигурно и нема да брза со давањето конечен одговор на понудата.

За Златан се врзуваат многу шпекулации, од тоа дека ќе замине во Хамарби чиј сопственик е, до тоа дека останува во Милан, откако денеска објави своја фотографија во центарот на Милано.

- Оглас -

Најнови вести