Ибрахимовиќ со жестока изјава против Кристијано

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој е познат по остриот јазик и контроверзните изјави, овојпат не го поштеди ниту Кристијано Роналдо. Португалецот по трансферот од Реал Мадрид во Јувентус, изјави дека тоа му е нов голем предизвик во кариерата и сака да продолжи со освојување на трофеи.

Според Златан, кој игра за Лос Анџелес галакси во САД, овие коментари на Роналдо „не држат вода“.

„Кристијано зборува за некаков нов предизвик. За него, предизвик е да одиш во екипа која е веќе силна и ја освојува Серија А. Зошто не направи трансфер во тим од втора лига, па со неа да стане првак и да ја внесе во прва лига? Глупости, доаѓањето во Јуве не е предизвик“, изјави Ибра.

Роналдо, кој има 33 години, блеска, даде 15 гола на 25 меча во дресот на Јувентус, со којшто засега има успеси на сите три фронта (ЛШ, Серија А и Куп на Италија).

- Оглас -

Најнови вести