Ибрахимовиќ уште е член на Милан, ама тренира со друг клуб!

Во Шведска мерките против ширење на Коронавирусот не се ригорозни како во најголем дел од Европа, а иако спортските активности се запрени, тренинзите на фудбалските клубови не се прекинати. Најголемиот шведски фудбалер во последните две децении, Златан Ибрахимовиќ, го искористи тоа и од денеска му се приклучи во тренинзите на клубот Хамарби.

Златан, кој е напаѓач на Милан, се наоѓа во родната земја и изразил желба да тренира со Хамарби, клуб во кој во декември купи 25 проценти од акциите и предизвика револт во Малме, па раководството на клубот не можеше да го одбие еден од своите газди.

Малме и Хамарби се најголеми ривали, па сега се чека реакцијата на фановите на Малме кога ќе го видат како тренира си Хамарби. Тие му ја уриваа статуата затоа што купи акции во ривалскиот клуб и сигурно нема да им биде мило кога ќе го видат во зелена опрема.

- Оглас -

Најнови вести