Иглесијас испеа победничка песна за Бетис (Видео)

Борха Иглесијас го постигна вториот гол сезонава за Бетис, вечерва и победнички против Осасуна за важни три бода и скок на седмата позиција за тимот од Севилја во Ла Лига.

Напаѓачот на домаќините постигна убав погодок во 79-тата минута, а и вечерва на „Бенито Вилјамарин“ продолжи традицијата од последните меѓусебни дуели на овие два тима со малку голови.

Единствениот гол на мечот од 21-вото коло во Ла Лига, дело на Иглесијас можете да го погледнете ОВДЕ.

Ова беше петти дуел по ред едната екипа да не постигне гол, а и вечерва тоа беа гостите од Памплона, кои и петти пат во низа не ја погодија мрежата на домаќините што ја бранеше Роблес, иако имаа подобри шанси од Бетис.

Осасуна остана блиску до опасната зона за испаѓање со 19 бода, колку што има и Алавес, а има три бода повеќе од фенерџијата Уеска и два од претпоследниот Елче.

- Оглас -

Најнови вести