Игор Ангеловски е нов тренер на хрватска Горица, ќе бие битка за опстанок во ХНЛ

Игор Ангеловски е нов тренер на хрватскиот прволигаш Горица и ќе има сложена мисија да го тргне тимот од долниот дел на табелата.

Популарниот Мрме е замена за Самир Топлак, кој доби отказ вчеравечер по поразот од Истра.

Горица е претпоследна на табелата во ХНЛ лигата со само една победа во шест кола и Ангеловски ќе треба да направи чудо и брзо да реагира и да ја извлече Горица од долниот дел на табелата.

Поранешниот селектор на Македонија, кој го направи најголемиот успех со пласман и настап на Европското првенство во 2021 година, нема работено во ниту еден клуб, или репрезентација цела година, односно веднаш по завршувањето на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести