Игор Карачиќ е ракометна Црвена фурија, самоубиство на Унгарците

Хрватска и Шпанија одиграа нерешено 22-22 и останаа непоразени на Европското првенство во ракомет. Јунак на средбата беше Игор Карачиќ, кој постигна дури 10 голови и беше инспиратор на пресвртот со кој Хрватите ја стопија негативата од шест гола разлика која ја имаа Шпанците во средината на второто полувреме. Хрватска и без Циндриќ не се предеваше, дојде во ситуација и да го добие мечот, но Дувњак не реализираше во последниот напад. Карачиќ се повреди во финишот, но би требало да биде подготвен за полуфиналето.

Шпанија е прва во својата група и во полуфиналето ќе се сретне со вториот од другата, од која полуфиналисти се Норвешка и Словенија. Унгарците имаа полуфинале во рака, но поразите од отпишаните Шведска и Португалија значеа крај за нив. Португалците денеска ја совладаа Унгарија со 34-26 и може да бидат и трети и да се борат за петтото место на ЕП доколку Шведска загуби од Исланд.

- Оглас -

Најнови вести