Романецот Кристијан Киву стана првиот странски тренер кој ја освоил Серија А од 2010 година наваму, кога Жозе Мурињо истотака со Интер освои титула во Италија.
Оттогаш, само италијански тренери го освојуваа Скудетото: Масимилијано Алегри (6 пати), Антонио Конте (5), Маурицио Сари (1), Стефано Пиоли (1), Лучано Спалети (1) и Симоне Инѕаги (1). Освен тоа, Киву влезе во историјата како странец кој освоил титула со Интер и како играч и како тренер.

Откако Интер ја победи Парма со 2-0, илјадници навивачи на Интер излегоа на улиците, а централната прослава беше на плоштадот Дуомо пред катедралата во Милано.

Навивачи облечени во сино-црно веднаш по последниот свиреж се упатија таму, а ракети и огномет го осветлија небото.
Champions of calcio 🎆🇮🇹 pic.twitter.com/0ZDzLIiaqw
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) May 3, 2026

