Игра 15 сезони во Италија, погодил само 4 пати – Радовановиќ ретко дава голови, ама сите му се бисери (Видео)

Иван Радовановиќ постигна еврогол за Салернитана против Рома, на меч што неговиот клуб го загуби со 2:1 во Рим.

Поранешниот српски репрезентативец со вистинска бомба од 25 метри го совлада Руи Патрисио.

Голот на Радовановиќ постигнат во 22-рата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Стоперот на Салернитана игра во Италија веќе 15 сезони, смени неколку клубови, а ретко постигнува голови, но сите му се фудбалски бисери.

Има два за Киево, еден за Новара и вечерва го постигна и деби-голот за Салернитана против Рома на меч на којшто имаше пресврт и домаќините со два гола во последните 10-тина минути направија пресврт и победија со 2:1.

https://twitter.com/ACChievoVerona/status/1006502701855854592?s=20&t=_BymmjXixNMmIS8_KCc_PQ

Головите за Рома ги постигнаа Карлес Перес во 82-рата и Крис Смолинг во 85-тата минута.

Со победата денеска против Салернитана, Римската волчица остана на петтото место во Серија А со 57 бода, а тимот од Салерно остана на последната позиција со 16 бода и има само теоретски шанси за опстанок.

 

- Оглас -

Најнови вести