Ливерпул и Тотенхем ќе бијат зимска битка за дефанзивец на еден од најлошите тимови во Европа

Турскиот репрезентативец Озан Кабак ќе биде една од ѕвездите на зимскиот преоден рок, иако игра во дефанзивата на еден од најлошите тимови во Европа, Шалке 04.

Тимот прими дури 36 гола на 13 меча во Бундеслигата, но 20-годишниот турски репрезентативец сепак е интерсен за европските гиганти и за него зимска битка ќе бијат Ливерпул и Тотенхем.

Јирген Клоп има проблеми во одбранбениот бедем, особено по повредата на Вирџил ван Дајк, но и Џо Гомес, па ќе се обиде да го ангажира Кабак во преодниот рок што следи.

Во трката се вмеша и Тотенхем, па двата англиски клубови се главни кандидати за ангажман на Кабак, кој е голем потенцијал и има само 20 години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести