Играа Албанија и Србија, но тензии имаше дури и во Виена (Видео)

Репрезентациите на Албанија и Србија играа 0-0 во Тирана во меч од квалифиакциите за Светското првенство 2026, па иако мечот мина релативно мирно, сепак тензии имаше и далеку од главниот град на нашиот западен сосед.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа вербална расправа помеѓу еден Албанец и 20-тина Срби и тоа во Виена. Албанецот со својот олдтајмер се движеше низ улиците на главниот град на Австрија, кога Срби од локално кафуле почнаа да му дофрлаат.

Тој иако сам, без размислување излезе и се обиде физички да се пресмета, но се чини дека од спротивната страна немаше расположение за такво нешто, иако беа многукратно повеќебројни.

- Оглас -

Најнови вести