Играа седумгодишни деца, а на трибините имаше 1.300 ултраси со факели и тапани (Видео)

На фудбалски меч во Австрија, на којшто играа деца од 7 години, беа забележани неверојатни сцени откако на трибините се појавија 1.300 ултраси опремени со навивачки реквизити.

Во детската лига играа Австрија Салцбург против УСВ Лампречаусен, а неочекувано, на трибините „наоружани“ со знамиња, тапани и факели се појавија 1.300 навивачи на Австрија Салцбург.

Додека на трибините ечат тапаните и се палат факелите, децата играат во атмосфера во која не ни можеа да помислат дека ќе добијат. За среќа, немаше никакво лошо однесување на навивачите, а и децата позитивно реагираа на оваа атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @saschagasthuber

Австрија Салцбург е клуб формиран во 2005 година откако група верни навивачи одлучија да формираат сопствен клуб затоа што нивниот дотогаш омилен клуб Салцбург го купи компанијата Ред Бул (сегашниот Ред Бул Салцбург).

Екипата на Австрија Салцбург напредуваше четири лиги и моментално е дел од третата лига во Австрија. Иако игра далеку од елитното натпреварување, овој клуб остана со армија верни навивачи, кои ги изненадија и седумгодишните деца на фудбалскиот терен.

- Оглас -

Најнови вести