Играат бараж за влез во трета лига, а атмосферата е како да е дуел од Лигата на шампионите!

Фудбалските навивачи во Германија се познати по својата верност и поврзаност со омилените клубови. На трибините во германската Бундеслига сме навикнати да гледаме полни трибини, а ситуацијата е иста и во пониските лиги.

Не само во втората или третата лига, во Германија има верни навивачи и на клубови кои се дел од четвртата лига. Четвртолигашките екипи на Енерџи Котбус и Унтерахинг играат бараж за влез во трета лига, популарната „Драјт“.

Во четвртото по ранг натпреварување во Германија има пет лиги, а трите најдобропласирани директно обезбедуваат место во третата лига. Останатите две екипи играат бараж за последното слободно место.

Екипите на Улм, Мунстер и Лубек се пласираа во третата лига, а Енерџи Котбус и Унтерахинг играат бараж. Првиот меч се игра вечерва во Котбус, а на трибините на стадионот атмосферата е фантастична.

Повеќе од 20.000 навивачи даваат поддршка за домашниот тим, а атмосферата изгледа како на дуелите од Лигата на шампионите, а не како да играат две екипи од четврта лига.

Енерџи Котбус и Унтерахинг се клубови со традиција кои пред 20-тина години играа и во Бундеслигата, а сега се дел од четвртата лига и се борат за влез еден ранг погоре.

- Оглас -

Најнови вести