Играч на Ливерпул казнет затоа што го навредувал Кејн

Англиската фудбалска федерација го суспендираше тинејџерот Харви Елиот на 14 дена и парично го казни со 350 фунти поради тоа што на социјалната мрежа „Snapchat“ го навреди напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Освен казната и суспензијата, тинејџерот ќе треба и јавно да се извини на Кејн.

Елиот има само 16 години, а во Ливерпул дојде од екипата на Фулам. Тој стана најмладиот фудбалер кој некогаш заиграл за првиот тим на Ливерпул, бидејќи на дуелот против МК Донс во Лига Купот, настапи со само 16 години и 174 денови.

- Оглас -

Најнови вести