По завршувањето на ракометното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во „Јане Сандански“ во Скопје, при влезот во тунелот кој води до соблекувалните имало мешаница и инцидент.
Една фејсбук-страница посветена на битолскиот клуб тврди дека играчите на Е. Пелистер биле физички нападнати од Комити, со закана: „За ова ќе има реванш“.

Сепак, според снимката не може да се тврди дали станува збор за претставници на навивачката група Комити или членови на обезбедувањето во салата.

