Играчите на Порто и Рома заборавија на пријателскиот меч, еден остар старт предизвика хаос (видео)

Фудбалерите на Порто и Рома ремизираа при 1-1 во пријателскиот дуел, но односот нималку не беше пријателски бидејќи настана вистински хаос на помалку од половина час до крајот на средбата.

Се играше 65-тата минута кога Пепе и Коста во обид да освојат посед на топката го ставија во сендвич Мхитарјан, а Ерменецот веднаш тргна да се пресметува со нив, по што сите присутни се втрчаа кон нив да ги делат. Станаа и клупите на двете екипи, се случи вистинска мешаница, што за среќа не дојде до поголема физичка пресметка, туку страстите постепено се смируваа.

На крајот, Коста и Мхитарјан беа санкционирани со жолти картони.

https://streamable.com/0bvaie

- Оглас -

Најнови вести