Играчите на Спортска прогноза нудат коефициент 235 со „икс“ на чело меѓу Интер и Јувентус

Интер против Јувентус е „шлагот“ кој треба да го затвори овој викенд во најсилните лиги во Европа. Стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано вечерва ќе биде во центарот на фудбалското внимание, ќе се игра Дербито на Италија. Ривалството на овие два клуба трае 110 години, а вечерва ќе биде битка за првото место на табелата во Серија А.

Кога има едно вакво дерби, нормално е да се најде на понудата на Спортска прогноза. Во ова коло имаше вкупно 1.197 прогнозери, а интересно е тоа што најголемиот дел од нив типуваат дека ќе биде нерешено. Вкупно 46,7 отсто, односно повеќе од 500 прогнозери веруваат дека на дербито во Италија нема да има победник. 30,8 прогнозери веруваат дека Јувентус ќе победи на гости, а 22,5 отсто очекуваат Интер да ја продолжи перфектната низа и да се радува по дуелот со Јувентус. Коефициентот за нерешено на дербито во Серија А, во обложувалниците на Sport Life e 3,05.

По вчерашните шест меча кои беа на понудата на Спортска прогноза, немаме ниту еден перфектен, но имаме повеќе со пет погодени од шест средби. Денешните возбудувања од Спортска прогноза започнуваат точно на пладне со дуелот Мајорка – Еспањол. Речиси 50 отсто веруваат дека домаќините ќе победат, а 34 отсто се за нерешено. За победа на Мајорка, коефициентот е 2.50. Два часа подоцна во Шпанија ќе играат Селта Виго – Атлетик Билбао, а според прогнозерите, најреален е „иксот“, кој е со коефициент 3.00.

Безмалку две третини од прогнозерите очекуваат победа на Лацио на гости кај Болоња, додека ни 10 отсто не веруваат дека домаќинот може да ги освои трите бодови. Победа на Лацио вреди коефициент 2.15.

Во двата фрнцуски дуели од неделната програма, Рен е апсолутен фаворит против Ремс. Во победа на домаќинот веруваат 78 отсто, додека едвај 4 отсто веруваат во чудо, односно во триумф на Ремс. „Кецот“ е со коефициент 2.20.

Сосема поинаква е работата кога се работи за мечот Сент Етјен – Олимпик Лион. Оние кои знаат, ова е големо дерби во Франција, но сепак многумина очекуваат победа на Лион. За „двојка“ се 67 отсто, а само 7 отсто веруваат во радост на Сент Етјен. Триумф на Лион вреди коефициент 2.18.

Во создавањето на процентите на овие шест меча учествуваа 1.197 учесници на Спортска прогноза. Секогаш вреди да се проба тикет составен од мислење на речиси 1.200 луѓе. Едноставно вреди да се проба и да се одигра ваков тикет кој носи вкупен коефициент од 235.8!

Тоа значи дека со само 100 вложени денари, ако се одиграа најчесто типуваните знаци на овие шест средби, може да заработите одлични 23.587 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести