По направената зимска пауза, Спортската прогноза повторно се враќа на Спорт Манија. Од овој викенд продолжуваме, но овојпат со уште попримамливи подароци за најдобрите прогнозери.
На понудата, во секое коло ќе има по 13 парови, а прогнозерот кој ќе успее да ги погоди сите 13 натпревари, ќе добие телефон iPhone XS од обложувалниците на Sport Life. Доколку прогнозерот има само едно промашување, односно успее да погоди 12 натпревари, повторно ќе добие мобилен телефон, но тоа ќе биде Samsung Galaxy A6 2018.
Доколку двајца или повеќе прогнозери се во конкуренција за еден од двата телефони во едно коло, подарокот се дели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност на освоениот телефон (60.000 денари, односно 15.000 денари).
Подароци ќе има и за оние кои ќе имаат 11 и 10 погодоци. За 11-ка се добива ваучер во вредност од 500 денари во Sport Life, додека со 10-ка ќе бидете добитник на ваучер од 200 денари од Sport Life.
Сите играчи имаат право само на една прогноза. Доколку некој прогнозира двапати или повеќе, автоматски ќе биде дисквалификуван за тоа коло. Добитникот на материјалните награди ќе треба да се идентификува со лична исправа со име кое се поклопува со профилот на Facebook од којшто е направена прогнозата. Ваучерите се префрлуваа исклучиво на Sport Life клуб-картичка. На една ваква картичка може да се префрли само еден ваучер во тековно коло. Како и досега, во игра се сите прогнози направени пред почетокот на првиот меч.
ИГРАЈТЕ РЕДОВНО, ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН МОЖЕ ДА ВИ ДОНЕСЕ УШТЕ НАГРАДИ
Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, почнува и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.
1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници
Доколку двајца или повеќе прогнозери имаат идентичен број погодени натпревари на крајот на пролетната полусезона, ќе има дополнително типување за да се одреди конечниот пласман. И во играта за Генерален пласман важи истото правило дека добитникот на материјалните награди треба да се идентификува со лична исправа со име кое се поклопува со профилот на Facebook од којшто е прогнозирано.