Играме фудбал без страв – Ништо не се случува, а на хокеј има и по 5 илјади публика

Играме фудбал без страв од корона-вирусот и ништо драматично не се случува. Бев скептик кога почнавме, но сега веќе и не мислиме на пандемијата, вели Тин Вукманиќ, хрватски фудбалер кој настапува во белоруското првенство, единственото активно во моментов во Европа.

Тој е член на Солигорск, моментно шестопласирана екипа по 7 одиграни кола во Белорусија.

„На почеток не ми беше сеедно, гледаш вести од другите земји, има карантин и полициски час, а ти треба да играш фудбал. Но, по 2-3 натпревари веќе и не размислував воопшто на пандемијата со корона-вирусот. Нема ниту тестирање на играчите, имаше и случаи кога дел од фудбалерите имаа зголемена температура, но се игра без застој. Сега сме и популарни, не гледа цел свет бидејќи белоруското првенство е единствено во Европа и едно од ретките на планетата каде што се игра фудбал во опасни услови на пандемија“, вели Вукманиќ.

Фудбал се игра без гледачи, но хокејот, кој е многу популарен во Белорусија, нема таква забрана, па мечевите се играат со луѓе на трибините.

„Во Солигорск хокејот е исклучително популарен, па се случува да има и по пет илјади публика на трибините. Имаат одлична посета и очигледно им е гајле за опасноста од корона-вирус“, додава 21-годишниот фудбалски интернационалец од Хрватска.

Белорусите досега имаат евидентирано 19 илјади заразени од ковид-19 и 112 починати од вирусот, кој предизвика вистински хаос во светот.

- Оглас -

Најнови вести