5.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Играше и за Реал и за Барса, а сега е кандидат за наследник на Арбелоа?!

Алваро Арбелоа во моментов е тренер на Реал Мадрид, но јасно е дека поранешниот фудбалер на Кралевите нема да се задржи на оваа позиција и за наредната сезона. Раководството на клубот активно е во потрага по нов тренер, а се сменуваат неколку имиња, како Јирген Клоп, Фабрегас и Унаи Емери, но денес во шпанските медиуми за првпат се појави едно неочекувано име.

Се работи за Луис Енрике, тренерот на ПСЖ, кој во својата играчка кариера настапуваше и за Реал Мадрид и за Барселона.

Шпанецот од 1991 до 1996 година беше член на Кралевите, а потоа во неочекуван трансфер се пресели на „Камп ноу“ и прерасна во легенда на Барселона, каде што остана до 2004 година.

Навивачите сигурно нема да бидат задоволни, а во Шпанија се најавува дека „предавникот“ може да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ точно по 30 години.

Иако во моментов изгледа малку веројатна оваа опција, сепак нема да биде изненадување доколку Луис Енрике навистина седне на клупата на Кралевите бидејќи потребен им е тренер токму од таков калибар.

- Оглас -

Најнови вести