Играше на Реал Сосиедад – Хетафе, па си замина со изнајмен велосипед (Фото)

Младиот, 17-годишен фудбалер на Реал Сосиедад, Андер Баренечеа, даде позитивен пример како треба да се однесуваат неговите врсници додека почнуваат со кариерата и печалењето пари. Тој откако го одигра мечот од првата шпанска лига против Хетафе, беше фотографиран како на пат до дома, го враќа изнајмениот градски велосипед.

Многу млади играчи „летаат во облаци“, па може да се видат со скапи автомобили, но Баренечеа кој во декември ќе стане полнолетен, не е таков, и си остана истиот како пред да стане познат, па ги собра симпатиите на јавноста.

Баренечеа дебитираше во декември кога уште немаше ниту 17 години, а влезе во игра на пет од последните шест меча за баскискиот тим, и вчера против Хетафе беше стартер, играјќи 90 минути, и учествувајќи во акцијата за еден од двата гола.

- Оглас -

Најнови вести