Играше само 13 минути против Македонија, па сега не може да ја смени репрезентацијата

Мунир Ел Хадади нема право да ја смени репрезентацијата поради што веќе дебитираше за сениорската селекција на Шпанија. Мунир во 2014 година како 19-годишен талент од Барселона доби прилика да дебитира за Црвената фурија во квалификациски меч за ЕП против репрезентацијата на Македонија, средба во која Шпанците триумфираа со убедливи 5-1.

Поранешниот селектор Висенте дел Боске му даде шанса на Ел Хадади во финишот од мечот, поточно играше само 13 минути, и поради тоа ФИФА му забрани да ја смени репрезентацијата.

За Мунир тоа беше единствен повик и оттогаш е далеку од враќање во националниот состав поради голема конкуренција, па затоа среќата ја бараше во селекцијата на Мароко, која го повика за претстојната репрезентативна пауза, меѓутоа Светската фудбалка куќа не го одобри тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести