Јулисис Ли Џуниор Бриџман е една од најинтересните спортски приказни, како спој на успешен кошаркар и бизнисмен, а 66-годишниот поранешен играч на Милвоки бакс е вториот најбогат баскетџија, зад Мајкл Џордан.
Бриџман имаше одлична НБА кариера, иако е малку познат за љубителите на најсилната лига надвор од Америка, а како член на Милвоки бакс настапуваше од 1975 до 1984 година и потоа уште една сезона 1986/87.
Неговиот дрес со број 2 Елените го повлекоа во негова чест, а Бриџман е осми најдобар стрелец во историјата на клубот.
Додека играше кошарка повлече неколку мудри потези и инвестираше во сега веќе светски познатиот ланец на ресторани Венди. На почеток купи три, а успеа да го развие во светски бренд што заедно со уште неколку одлични инвестиции му донесе богатство од 600 милиони долари.
Тоа го рангира Јулисис како втор најбогат кошаркар на сите времиња, зад неприкосновениот Мајкл Џордан чие богатство се цени на околу 2 милијарди долари.
За Бриџман кој е познат како дел од трампата со која легендарниот Карим Абдул Џабар се пресели од Милвоки во Лос Анџелес лејкерс велат дека и додека играл кошарка знаел честопати и да работи во своите ресторани.
Човекот што има просек од 14 поени и 3.5 скока во кариерата во НБА воопшто не сакал да се експонира, па има и приказна дека вработените воопшто и не знаеле дека им е газда.
Ресторанот Венди моментно брои над 160 објекти во САД, а Бриџман купи и фабрика во која се полни еден од најдобрите брендови, познатата Кока-кола.
Во НБА играше и две сезони за Лос Анџелес клиперс, но за него Бакс се вистинскиот тим во најсилната лига на светот. Постигна над 11 илјади поени за Елените и дури неодамна успеа да го престигне главната ѕвезда на сегашниот состав на Милвоки, Јанис Адетокумбо.