Играше за ситни пари во Барселона, сега доби десетпати повисока плата

Жоао Феликс минатото лето пристигна во Барселона како позајмен од Атлетико Мадрид, но мораше да се откаже од својата плата за да потпише за „каталонците“. Португалецот во Челзи и Атлетико заработуваше по 289.000 евра неделно, а во Барселона прифати да игра за 7.700 евра неделна плата. Тоа би значело дека тој заработува околу 400.000 евра годишно.

Сепак, сега тој доби покачување на платата и ќе заработува десетпати повеќе, односно 4 милиони евра годишно. Со ваква информација денес излегоа од Ла Лига, кои велат дека е сторено во знак на фер-плеј поради подобреното финансиско работење на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести