Конте се прости преку „Инстаграм“: Благодарам од срце, Наполи!

Антонио Конте одлучи да се збогува со Наполи една година пред истекот на неговиот договор. Тој ги поздрави навивачите на Наполи преку социјалните мрежи.

На својот инстаграм-профил, Конте сподели порака за збогум:

„Две победнички години исполнети со силни емоции и голема страст! Едноставно… ВИ БЛАГОДАРАМ од дното на моето срце, НЕАПОЛ“. 

Антонио Конте го напушта Наполи со освоено Скудето во минатата сезона и италијански Суперкуп освоен минатиот декември против Милан и Болоња. Оваа сезона беше втор на табелата, што му обезбеди учество на клубот во Лигата на шампионите.

Наполи го избра Макс Алегри за наследник на Конте. Сепак, пред да го објави тренерот роден во Ливорно, клубот ќе мора да почека да биде раскинат неговиот договор со Милан.

- Оглас -

Најнови вести