Интер е сериозно заинтересиран за напаѓачот Ромелу Лукаку. Според сите најави, нов тренер на Интер ќе биде Антонио Конте и токму Конте инсистирал да биде донесен белгискиот репрезентативен голгетер, кој сега е во Манчестер јунајтед. Конте го сака и Един Џеко, па не е исклучено Интер да добие двајца докажани напаѓачи.
Клубот од Милано веќе контактирал со „црвените ѓаволи“ од Манчестер и им понудил 30 милиони евра плус Иван Перишиќ.
Откако Мауро Икарди не беше повикан во аргентинската репрезентација за Копа Америка, неговата сопруга и менаџер Ванда Нара, ја офарба косата и сега е бринета, со што многу заличи на нејзината сестра Заира.
Контроверзната 32-годишна мајка на пет деца откако се откажа од русата коса, порача: „Промените се за храбрите, кукавиците не менуваат ништо“. Дали со ова Ванда меѓу редови сакаше да порача дека нејзиниот маж ќе има промена на клупската средина?