-4.2 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Иконата на Реал го рангираше Меси пред Роналдо и Зидан

Една од најголемите легенди на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, нема никакви дилеми кога станува збор за најдобриот во историјата на фудбалот.

Шпанецот кој во својата кариера во Реал играше со ѕвезди како Бразилецот Роналдо, Фиго, Зидан, Кристијано Роналдо и многу други, сепак смета дека Меси, најголемата легенда на Барселона, е број 1.

„Имав среќа да играм со играчи како Зидан, Кристијано, Роналдо, Фиго… но мислам дека Меси е најдобар, тој е многу различен. Тој прави сè лесно, работите што делуваат како невозможни, ги прави лесни, како да игра со пријатели на улица“, рече Раул кој помина 16 години во Реал, во кои одигра 714 натпревари и постигна 323 гола.

- Оглас -

Најнови вести