Иличиќ блескаше, Аталанта ја декласира Рома со пресврт (Видео)

Јосип Иличиќ повторно блесна во полн сјај и со две асистенции и гол беше креатор на големиот пресврт што го направи Аталанат во победата од 4:1 против Рома.

Един Џеко постигна гол во третата минута за Волчицата што беше и резултат на полувремето, па ништо не навестуваше дебакл на гостите од Рим.

Во продолжението Иличиќ диригираше со бласкавата претстава на Аталанта, а Словенецот имаше две асистенции до Запата и Госенс за комоплетен пресврт. Погоди и Мјуриел, а Иличиќ со прекрасен гол ја заврши магичната приказна на домаќините во второто полувреме.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1340730922568724484?s=20

Аталанта се проби на седмото место со 21 бод, а Рома остана на четвртото место со два бода повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести