Илиевски: На ЕП 2013 да ја победевме Црна Гора, работите ќе тргнеа во друг правец

Владо Илиевски, кој не успеа да стане претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, но пред некој месец стана претседател на словенечкиот клуб Илирија од Љубљана, во интервју за словенечките медиуми изјави дека ако нашата репрезентација славела над Црна Гора во контроверзниот меч, ќе бевме на пат да направиме уште еден добар пласман на ЕП како во Литванија две години претходно.

„Немам зборови за тоа како бевме примени дома по успехот во Литванија. Таа генерација растеше и растеше, а Бо Мекејлеб беше последното парче за пополнување на мозаикот. Жал ми е што тоа не продолжи и во Словенија 2013. На првиот меч со Црна Гора, судијата не виде дека еден играч ја повлече мрежичката и не ни признаа кош. Да победевме, првенството за нас ќе одеше по многу подобар правец. Имавме квалитет, тоа го покажавме со победата над Србија која ги имаше Теодосиќ, Богдановиќ и останатите ѕвезди“, се присетува Илиевски, кој живее во Словенија, но често доаѓа и во родната земја.

Владо им кажа на Словенците дека кога бил дете, во основно училиште во врска со Словенија знаел за Триглав дека е највисок врв во екс Југославија и за писателот Отон Жупанчиќ.

- Оглас -

Најнови вести