Илија на Илинден – Последната шанса за Несторовски и Удинезе е во недела, инаку ќе израмнат рекорд стар 15 години

Илија Несторовски и Удинезе ќе имаат уште една, последна шанса сезонава за да шутираат пенал, и тоа во последното коло против Сасуоло на гостински терен во недела.

Досега популарните Зебри се единствениот тим во Серија А сезонава за кој не е досуден ниту еден пенал, а таков случај беше Сиена пред 15 години.

Удинезе обезбеди опстанок и без пенал, но случајот е редок, особено во Топ-5 најквалитетните првенства во Европа.

И за да биде куриозитет, и Сиена во првенството 2004/05 заврши на 14-тата позиција во Калчото, на која моментно сега е Удинезе во тековното првенство.

За да нема комплетно поклопување на бројките меѓу Удинезе и Сиена, најпрво на Илинден треба да има пенал за Илија Несторовски и соиграчите, а ако тоа не се случи, тогаш треба Удинезе да победи против Саусоло, а Калјари да загуби од Милан за Зебрите да бидат на 13-тото место на конечната табела.

Варијанти има многу, а засега пред стартот на последното коло во Серија А, факт е дека Удинезе е единствената екипа во Калчото, но и во Топ-5 првенствата во Европа за која не е досуден ниту еден пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести