Даниел Б. погоди осум од деветте вчерашни натпревари од основната 13-ка на Спортска прогноза, и останува во игра за 12-ка што би му донело ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари.
Единствено што не предвиде Даниел беше поразот на Манчестер сити од Њукасл (само 7,5 отсто од играчите типуваа победа на Чавките).
За денеска останува да се одиграат само уште четири дуели, а возбудувањата ќе започнат од 17.15 часот кога ќе играат Нант и Лориен. За овој меч, 80,29 отсто чекаат да победи домашниот тим, во таа група е и Даниел Б., а уште поголем е процентот на прогнозери кои типувале триумф на Арсенал над Тотенхем, дури 84,64.
На дуелот Санкт Паули – Унион Берлин, најмногу играчи (45,16 проценти) типувале нерешено, додека за Интер – Милан, расположението е „проинтеровско“, 56,8 проценти сметаат дека ќе победи Интер.
Доколку се земат во предвид прогнозите за кои има над 40 проценти, замислениот денешен тикет по вкусот на мнозинството прогнозери изгледа вака:
1707 Нант – Лориен 1
1009 Арсенал – Тотенхем 1
1809 Ст. Паули – У. Берлин Х
3008 Интер – Милан 1

