Им прилега на Германците – Хофенхајм се запиша во историјата на ЛШ

Кој друг, ако не германски тим, пишуваат германските медиуми за подвигот на Хофенхајм, дебитантот во Лигата на шампионите.

Тоа е првиот тим во историјата на луксузното европско клупско натпреварување што успеал да надомести негатива од два гола со играч помалку и за едно полувреме.

Со головите на Набил Фекир и на Тангај Ндомбеле, Лион на домашен терен имаше комотна предност од 2-0 по неполн половина час игра.

Кога на почетокот на второто полувреме беше исклучен и репрезентативецот на Гана, Касим Нуху кај Хофенхајм, се чинеше дека приказната е завршена.

Сепак, гостите од Германија на најдобар можен начин одново демонстрираа колку се упорни и со головите на Андреј Крамариќ и на Павел Кадерабек израмнија на 2-2.

Освоија голем бод, што ги остава во игра за пласман во осминафиналето во ЛШ, а патем и се запишаа како прв состав во елитното клупско натпреварување во Европа што успеал да стопи негатива од два гола со фудбалер помалку, и тоа за едно полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести