Вардар е голем фаворит против Тиквеш, а и Пелистер според квотите во Sport Life важи за фаворит во дуелот со Брера Струмица, во денешните два меча од Првата македонска фудбалска лига кои се играат од 13 часот.
На стартот на сезонава, во средби играни во август, Вардар победи во Кавадарци со 2-1, а и битолчани со истиот резултат славеа во Струмица.
За Пелистер тоа беше една од само двете победи кои ги има сезонава. Брера е тим кој игра многу променливо, има по четири победи, порази и ремија сезонава.
Вардар во битката со Тиквеш влегува со мотив да освои три бода кои би го вратиле на првото место. Кавадарчани победија во минатото коло на Арената „Тодор Проески“, но сега ривалот е посилен, и за нив и реми би било успех. И традицијата на меѓусебните дуели е на страна на скопските Црвено-црни кои не загубиле дома од кавадарчани.


