Им се смеат на Чесите – Не ги знаат правилата и останаа без левиот бек

Чешката јавност го критикува селекторот Јарослав Шилави, но и неговите соработници кои не знаеја дека левиот бек Јан Борил нема право да игра во осминафиналето на Европското првенство.

Интересно е што сите во чешкиот табор беа изненадени откако добија информација од УЕФА дека Борил поради два жолти картони, нема да настапи во нокаут-фазата.

Левиот бек доби по еден жолт картон и на дуелот на Чешка против Хрватска и со Англија вчера, па според правилата на УЕФА, му следува пауза од еден меч.

„Искрено немавме поим по колку жолти картони следува пауза. Мислевме дека е по третиот, но испадна дека не е така. Борил нема да игра, но имаме играчи што можат да го заменат“, изјави Владимир Цоуфал.

Ситуацијата е по малку и смешна, па Чесите фатија и да се шегуваат на сметка на селекторот Шилави и на неговите соработници, но и на луѓето од администрацијата во Фудбалската федерација.

Чешка заврши како третопласирана селекција во Д групата и го чека противникот во осминафиналето, кој ќе биде познат по одигрувањето на последните мечеви во фазата по групи денеска од 18 и од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести