Им тргна на охриѓани, двајца со 50 денари уплата имаат добивки од илјадници евра (Фото)

Два топ добитни тикети биле уплатени во објекти на Sport Life во Охрид, а заедничко е што уплатата е 50 денари и добивката е огромна, над 100.000 денари.

На едниот тикет прогнозирано е дека на пет меча, од кои четири играни во петокот и еден во саботата, ќе има од два до три гола во двете полувремиња. Квотите се огромни, но на овој играч му се посреќи и заработи околу 3.000 евра. За добивка последен меч го чекал Ауе – Вехен. Во двете полувремиња паднаа по два гола, средбата заврши 2-2, а голот кој донесе добивка падна во 85-тата минута.

Во друг објект на Sport Life во Охрид, кај автобуската станица, 13 точно погодени исходи на мечеви играни во неделата донесоа бруто-добивка од речиси 160.000 денари само со 50 денари уплата.

И овој играч си имал своја тактика. Играта му била „2 било кога“ или „1 било кога“. Кај сите парови квотите се над 1.50.

- Оглас -

Најнови вести