Денвер нагетс загуби од Јута џез со 110-122, но она што е многу полошо за Грутките од Колорадо е што цело второ полувреме го играа без својот најдобар кошаркар Никола Јокиќ, кој го повреди коленото при еден судiр со Руди Гобер.
По натпреварот, тренерот Мајкл Мелоун беше оптимистички настроен и рече дека не би требало да е тешка повредата и дека немало потреба да се ризикува со Јокиќ, особено што ова беше прв втор меч во два дена по ред.
Јокиќ беше феноменален пред да го напушти теренот, даде 24 поени, а имаше и по шест скока и асистенции и беше на пат да ја прикаже најдобрата игра сезонава. Иако не играше цело второ полувреме, Србинот беше прв стрелец на мечот.
Во другите синоќешни мечеви, Њујорк беше подобар од Филаделфија со 112-99, и сега има скор 3-1. Лука Дончиќ со 26 поени, 14 скока и 7 асистенции го предводеше Далас до триумф над ривалот Хјустон со 116-106.
ЛА лејкерс, без Леброн Џејмс во составот, славеше во Сан Антонио со 125-121 и тоа по петминутно продолжение. Ентони Дејвис имаше 35 поени, 17 скока и четири блокади, а Расел Вестбрук заврши со 33 поени, 10 скока и осум асистенции. Во продолжението, Лејкерс даде 11 поени, од кои 10 беа на Дејвис и Вестбрук.
Голден стејт победи во Њу Орлеанс со 106-98 и сега Вориорс има 4-0, иако губеше на сите четири мечеви по првото полувреме. Ваков подвиг направил само уште Клиперс пред 35 години.
Погледнете како се повреди Јокиќ:
https://twitter.com/i/status/1453195682559496200