Има 15 години, а во споредба со врсниците е џин (видео)

За Ел Чадаиле Битшијабу допрва ќе се слушне, а талентот на ПСЖ веќе воодушевува со физичките предиспозиции иако има само 15 години. Битшијабу е висок 195 сантиметри и тежи 96 килограми, па многу лесно може да се забележи на теренот кога игра со неговите врсници.

Иако е далеку од професионален договор и сениорски фудбал, младиот Французин покажува зрелост со настапите и во мај следната година би требало да го потпише својот прв професионален договор со Светците.

Францускиот првак врши напори да го задржи во Париз бидејќи неколку гиганти се интересираат за ангажман на Битшијабу.

- Оглас -

Најнови вести