Има 88 години и не планира да се пензионира (ФОТО)

Фудбалот пишува чудесни и неверојатни прикази, а таква една доаѓа од Велс.

Голманот Алан Кемсејл, кој брани за тамошниот нисколигаш Перин Беј Стролерс, има неверојатни 88 години и не планира да се пензионира.

„Кога нема фудбал, се чувствувам тажно. Во последно време рефлексите ми се опаднати бидејќи почнав да го губам и видот. Но, тоа е дел од забавата. Засега планот ми е да бранам до 90 година, а потоа ќе видиме што ќе биде“, изјави Кемсејл за локалните медиуми.

Овој чувар на мрежата, кариерата ја започнал далечната 1925 година, а најголемиот дел од својата кариера го минал во пониските натпреварувања во Велс.

- Оглас -

Најнови вести