Има и седма рунда во Ренова, си замина и Фисник Зука

Ренова доживува вистински фудбалски егзодус и денеска остана и без седмиот играч во летниот преоден рок, а последен си замина Фисник Зука. Досега седуммина се разделија со популарните Гипсари, а сметајќи го и тренерот Никола Илиевски Џиџи, кој исто така си замина, бројката е уште поголема.

Пред Зука, од клубот си заминаа голманот Кобетиќ, искусните Рамадани и Усеини, потоа Абдула, Мбела и Ѓуриќ.

И тоа нема да биде сè во таборот на клубот од Џепчиште бидејќи речиси сигурно средината ќе ја менува и најдобриот стрелец во нашата Прва лига, Влатко Стојановски.

Младиот напаѓач блескаше во сезоната што заврши и со 18 погодоци беше најдобар голгетер во македонската Прва лига. Ренова во фото-финиш не успеа да се избори за настап во квалификациите за Лигата на Европа, па можеби тоа е и главната причина за ремонтот во составот за новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести