Има ли поголем кикс на ВАР-технологијата? Сите ја видоа топката во голот, но… (Видео)

Дуелот од кипарското првенство меѓу Анортозис и АЕК Ларнака заврши со победа на гостите од 2:1, што беше доволно АЕК да ја задржи челната позиција на табелата.

Овој меч ќе се памти по една скандалозна одлука на судијата и покрај тоа што во Кипар се користи ВАР-технологијата. Во 78-мата минута, при резултат 0:2 за гостите, Кристодополус постигна атрактивен гол за домаќините, но, сепак, тој не беше признат.

Топката удри во пречката, потоа со целиот свој обем заврши зад гол-линијата, но судијата не покажа на белата точка. Ниту ВАР-технологијата немаше реакција дека треба да има гол, па играта продолжи.

Во последните моменти од мечот, Кристодополус повторно даде гол, овојпат тој беше признат, но само за почесен пораз од 1:2.

- Оглас -

Најнови вести