19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Има ли Валенсија шанси против десеткуваните Кралеви, Лестер е сигурен „кец“

Валенсија – Реал Мадрид (20ч, полуфинале, шпански Суперкуп)

Играњето во Џеда ќе направи голема разлика, а тимот со поголема желба да се најде во финалето ќе победи. Валенсија има шанси да направи изненадување знаејќи дека Зидан за овој турнир нема да смета на Бензема, Бејл и Азар. Суперкупот за првпат се игра во ваков формат на турнир, така што двете екипи ќе сакаат да се покажат во добро светло. Тренерот Селадес има една мака, настапот на Родриго е под знак прашалник, а за да се разбие цврстата одбрана на Кралевите, потребен е целиот напаѓачки потенцијал.

Ако се земат предвид последните пет лигашки дуели, Реал води со 2-1, додека два меча не донесоа победник. Во декември минатата година последен пат се сретнаа и ги поделија бодовите при конечни 1-1. Валенсија е непоразена последните осум меча во сите натпреварувања, додека Реал не знае за пораз веќе 14 средби.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.15)

 

Лестер – Астон вила (21ч, полуфинале, Лига куп на Англија, прв натпревар)

Опасните Лисици треба уште вечерва да завршат поголем дел од работата и воедно да си ја оправдаат улогата на апсолутен фаворит. Астон вила ќе игра без неколку клучни играчи, првично го нема голматно Хитон, одличниот Мекгин и незгодниот напаѓач Весли, додека Роџерс располага со цел состав.

За Лестер ова е прва шанса да дојде до нов трофеј по освојувањето на Премиер лигата во 2016 година. Во последниот меѓусебен дуел, Лестер славеше со убедливи 4-1 на гости, а Варди беше двоен стрелец.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.81)

 

ПСЖ – Сент Етјен (21:05ч, четврт-финале, Лига куп на Франција)

Светците лани испуштија да го одбранат Купот, па затоа Томас Тухел овојпат нема многу да комбинира и најверојатно ќе пушти силен состав за овој дуел. ПСЖ воедно негува долга традиција против Сент Етјен, непоразени се во вкупно 19 меѓусебни дуели, од кои дури 15 пати излегуваа како победници.

Првакот воедно е во силен залет, ремито со Реал од 2-2 му е единствен кикс во серијата од 11 меча, останатите му се победи. Сент Етјен не е во добра форма, во вкупно 10 натпревари има само три победи и две ремија, останатите порази се гаранција дека ПСЖ вечерва ќе нема мака за пласман во следната рунда.

Предлог тип: Т1 2+ пол. (2.15)

 

Партизан – Виртус Болоња (20ч, Европкуп, фаза топ 16, прво коло)

Болоња во Белград доаѓа на српски погон, од клупата диригира Ѓорѓевиќ, а на теренот поранешниот ѕвездаш Милош Теодосиќ. Тоа значи дека се очекува непријателски пречек за италијанскиот состав, а Партизан како фаворит ќе треба да ја израдува „Штарк арената“.

Црно-белите се во одлична форма и имаат осум победи на последните 10 меча во сите натпреварувања. Поразите се од Будуќност во АБА-лигата и Локомотив Кубањ во ова натпреварување. Виртус имаат еден пораз повеќе на исто толку средби, но се очекува возбудлив меч бидејќи и двете екипи располагаат со голем напаѓачки кадар.

Партизан и Виртус, бележат само две меѓусебни средби, се играа во сезоната 2002/03 во рамките од Евролигата, а и двата меча ги добија Италијанците.

Предлог тип: 1 хен. -2,5 поени (1.90)

 

Хувентуд Бадалона – Андора (20:45ч, Европкуп, фаза топ 16, прво коло)

Во Еврокупот вечерва игра најдобриот македонски кошаркар за изминатата година Ненад Димитријевиќ, а со неговиот Хувентуд ќе цели на триумф во втората фаза од натпреварувањето. Хувентуд треба да ја оправда фаворитската улога, а воедно да се реваншира за поразот кој го претрпе во шпанската лига кога гостуваше кај Андора на 29 декември.

Ниту едниот, а ниту другиот тим не се во сјајна форма, но Андора има психолошка предност со оглед на тоа дека ги доби последните шест меѓусебни средби против Хувентуд.

Предлог тип: >169,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести