Има над 100 настапи за Шведска, но се откажува од ракометот, сака да стане маж!

Луиса Санд со години ги бранеше националните бои на женската ракометна репрезентација на Шведска. Има повеќе од 100 настапи за „викинзите“, но 26-годишната Санд ненадејно реши да стави крај на спортската кариера. Причината е повеќе од бизарна, сака да го смени полот и да стане маж.

„Постои причина поради која се решив на овој потег. Се надевам дека сите ќе ме разберат и ќе ја почитуваат мојата одлука. Време е навистина да почнам да го живеам мојот живот“, рече Санд.

https://www.instagram.com/p/BnuJ1FXBxQO/?utm_source=ig_web_copy_link

Левото крило објаснува дека во последниот период не се чувствувала добро во своето тело и затоа решила да го смени полот.

„Во последно време се чувствував многу лошо и точно знаев која е причината за тоа. Родена сум во погрешно тело. Затоа решив да свртам нов лист. Веќе се чувствувам ослободено бидејќи повеќе не мора да лажам на некои прашања“, додава Санд, која веќе започнала да прима хормонски терапии.

 

- Оглас -

Најнови вести