Француската репрезентација изненадувачки загуби со 1:2 на свој терен од Брегот на Слоновата коска, но освен непланираниот резултат, очигледно дека во националниот тим има и еден голем проблем. Во главна улога е Килијан Мбапе, кој полека, но сигурно станува еден од најомразените фудбалери во светот.
Несомнено дека Мбапе е еден од најдобрите играчи во моментов, но неговата ароганција и егоизам е нешто што испливува на површина. На дуелот против Брегот на Слоновата коска, Мбапе пред мечот направи скандал. Додека играчите се подготвуваа да се појават на теренот, капитенот Мбапе се поздравуваше со соиграчите кои беа резерви.
Н’Голо Канте, се поздравуваше со сите соиграчи од стартниот тим, а кога дојде до Мбапе, капитенот на Франција едноставно ја крена главата високо и воопшто не сакаше да го погледне Канте.
“Cabaret”
Por las imágenes donde se ve a MBAPPE y KANTE esquivarse sin mirar lo cual despierta los rumores de una mala relación entre ambos franceses pic.twitter.com/MBPJvmRLpp
— Tendencias Deportes (@TendenciasDepor) June 5, 2026
Многумина беа изненадени од оваа реакција на Мбапе, но таа не е случајна. Мбапе уште пред два месеци го понижи Канте и тоа беше на мечот против Колумбија. Канте кој е познат како скромен и тивок фудбалер, на мечот против Колумбија беше капитен, а кога во второто полувреме во игра требаше да влезе Мбапе, се случи „клучниот“ момент.
Мбапе се подготвуваше да влезе во игра, а веднаш побара од Канте да му ја предаде капитенската лента. Канте без збор ја извади капитенската лента и ја предаде на Мбапе, но голгетерот и тогаш се најде на „тапет“ поради неговата реакција.
Дека од пред два месеци и сега ситуацијата само е влошена се потврди и со фактот дека Мбапе не сакаше да се поздрави со Канте пред мечот против Брегот на Слонова коска.
Ahora entiendo porque, vaya dictador pic.twitter.com/IK7vokIaMs https://t.co/y3KE5Ecfcg
— Jeff (@JeffFcb14) June 5, 2026

