Сомалија ја забележа првата и историска победа во квалификациски меч за настап на Светското првенство, го победи Зимбабве со 1:0, а мечот имаше и необиечн прекин во 68-мата минута.
Репрезентативеците на двете селекции побараа пауза за да се помолат на теренот, па по кус период продолжија да играат. Ова досега не се случило, да се побара и да се добие одмор за молитва на терен, но сега во Џибути и тоа се случи.
Сомалијците поради политичката ситуација во земјата, како домаќини играа на неутрален терен, но и тоа не ги спречи да запишат историја и прва квалификациска победа за настап на фудбалски Мундијал.
https://twitter.com/SalmaanLDN/status/1169653875244240896?s=20
Стрелец беше Мохамед во 87-мата минута, а реваншот ќе се игра во Хараре на 10 септември, по кој ќе биде одлучено која од овие два селекции ќе игра во квалификациските групи за настап на СП во 2022 во Катар.